Македонија
13. January 2020 - 16:41

Нема кохабитација ниту во Министерството за земјоделие, каде министри имаат и власта и опозицијата

Додека земјоделците се мачат да преживеат власта и нејзините пајташи сеат страв и се закануваат, обвинува дополнителниот заменик министер за земјоделство по аудио снимката објавена вчера.
 

– Разговорот што вчера излезе во медиумите е само еден доказ како функционира СДСМ кога е на власт, закани, уцени и притисоци. Разговорот е доказ за криминал. Ако Трајан сакал да изврши притисок за не спроведување закон, како што рече вчера на прес-конференција, зошто не го пријавил тоа кај надлежните институции – истакна Трипуновски.

Притисоците беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ, врати министерството за земјоделство преку писмено соопштение

 „Притисоците не се одлика на МЗШВ овие три години, како што тоа беше претходно во Владата на ВМРО – ДПМНЕ.  Во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“, јасно се слуша дека нема закани и притисоци од страна на советникот на министерот Трајан Димковски, туку добронамерно укажување и советување до лицето од разговорот да ја врши својата работа согласно законот“ – стои во писменото соопштение од Министерството.

Вчера во медиумите беше објавена аудио снимка на која се слуша лице од кабинетот на министерот како бара од вработен во надлежниот инспекторат или да ја поништи концесијата за Охридското Езеро или да си поднесе оставка