Нема хоспитализирани ковид пациенти во инфективното одделение во Дебар
Во инфективното одделение при Општата болница во Дебар за првпат, по неговото отворање на 11 ноември минатата година, нема хоспитализирани ковид пациенти.
-Ова секако е повеќе од добра вест. Немаме пациент хоспитализиран во Инфективното одделение. Кога го отворивме имаше седум ковид пациенти а во одредени периоди имаше речиси целосна исполнетост на капацитетот, од 20 болнички легла. Исто така немаме пациент од нашето подрачје на лекување во здравствена установа во Скопје, изјави за МИА, Баки Алили директор на болницата.
Според него со дневна терапија, односно амбулантски се лекуваат осум пациенти а девет од вкупно 17 активни на болеста се лекуваат во домашни услови.
Оценува дека состојбата пополека се стабилизира на што наведуваат и официјалните податоци дека во изминатите денови од овој месец се регистрирани само десет новозаразени, додека во списокот на оздравени се внесени 35 лица.
-Сепак не треба да се опуштиме, зашто битката со невидливиот непријател се уште не е извојувана. Апелирам до сите сограѓани и деловни субјекти и понатаму строго да се почитуваат пропишаните мерки и протоколи, порачува Алили.
Од почетокот на пандемијата, во двете општини, регистрирани се 804 позитивни случаи, активни на болеста се 17 а починале 35 лица.
Алили исто така информираше дека при крај се активностите околу изградбата на централен систем за кислородна подршка, во делот кај инфективното одделение, кое вообичаено функционира како интерно одделение а продолжува и опремувањето на модуларната болница, која се наоѓа во кругот на болницата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација