Фудбал
21. September 2017 - 10:37

Нема гол, нема рекорд, пораз на Реал Мадрид од Бетис

Фудбалерите на Реал Мадрид останаа на 73 натпревари на кои последователно постигнуваат гол. Тие синоќа не успеаја да го надминат рекордот на бразилски Сантош (двата тима имаат ист број натпревари накои постигнувале гол). Синоќа на „Сантијаго Бернабе“ Реал Мадрид загуби од Бетис со 1:0 откако гостите победничкиот гол го постигнаа во 90+4 минута го постигна Санабриа. Ова беше еден од дуелите од 5.коло од Примера.
 
Бетис сега со 9 бодови се наоѓа на шестото место на табелата со 9 бодови еден повеќе од Реал мадрид, кој е на седмото место со 8 бодови.
 
Од оваа рунда вечерва се играат последните три натпревари од оваа рунда: Виљареал - Еспањол, Селта - Хетафе и Леванте - Реал Сосиедад.