Свет
15. December 2015 - 15:38

Нема докази за „пронајдениот нацистички воз“ полн со злато

Нема никакви докази дека во Полска е пронајден воз на германската нацистичка армија, кој тајно пренесувал злато и драгоцени камења, соопштија денеска меѓународни експерти.

Тие ги презентираа сите „ докази“ кои требаше да го поткрепат тврдењето дека (конечно) е најден возот по кој се трага повеќе од 70 години, констатирајќи дека всушност, нема потврда за она што се тврди.

Возот, наводно, е пронајден сокриен во еден тунел, во полскиот град Валбрзич, но експертите сега порачуваат дека таму можеби има тунел, но во него нема воз.

Еден од оние кои ја пренесоа „сензационалната вест“ дека нацистичкиот воз со злато и дијаманти се наоѓа во Полска, изјави дека и покрај тврдењето на експертите, и понатаму верува оти возот е во реонот кај Валбрзич.

Веднаш по завршувањето на Вторатата светска војна, почнато е со приказните за тоа дека нацистите натовариле воз со злато и драгоцености, што требало некаде да биде однесено и сокриено, но дека возот исчезнал, блиску до овој полски град.

Во Полска се тврди дека нацистичкиот воз исчезнал во 1945 година, во времето кога војниците на советската армија, забрзано се приближувале кон градот Краков.