Loading Video...
Македонија
25. April 2020 - 14:21

Нема докази дека лицата кои се излечиле од вирусот Ковид-19 се стекнуваат со имунитет

Нема докази дека лицата кои се излечиле од вирусот Ковид-19 се стекнуваат со имунитет, соопшти Светската здравствена организација.

-Дури и ако имаат антитела против Ковид-19, тоа не значи дека овие лица се заштитени од повторно заразување, се вели во соопштението.

Во светот постои раширено мислење дека излечените развиваат антитела кои го напаѓаат вирусот. Затоа и во некои држави, како Велика Британија, тестираат антитела.

СЗО изјави дека е против тоа на луѓето кои биле заразени да им се издаваат таканаречени „пасоши за имунитет“, сметајќи дека тоа може да го зголеми ризикот од ново ширење на заразата.

Полски државјани кои живеат во пограничните градови, а работат во Германија протестираат поради задолжителната мерка за карантин на оние кои ја минуваат границата.

Стотина лица во Згорзелец излегоа на протест бидејќи пред да се затворат границите, овој и германскиот град Горлиц функционирале како еден град. Двата града беа разделени со привремена метална ограда подигната среде мостот кој ги спојува.

Околу 20.000 Полјаци работат во Саксонија, а над половина од нив секојдневно ја поминуваат границата за да стигнат на работните места. Според полскиот премиер, границите ќе останат затворени најмалку до 3. мај.

Кина испрати медицински тим во Северна Кореа кој ќе треба да извести за состојбата на лидерот на таа држава, Ким Јонг Ун.

Светските медиуми во изминатиот период јавуваат спротивставени извештаи за здравствената состојба на Ким Јонг Ун по што тој исчезна од фокусот на тамошните медиуми. Ова не се случува за првпат, бидејќи тој и во 2014 година еден месец не се појави во јавноста поради здравствени проблеми.