Македонија
5. May 2021 - 21:17

Нема договор за пописот и изборите, а тие се ближат

Пет месеци пред пописот и шест месеци пред локалните избори ќе има ли договор меѓу власта и опозицијата за Изборниот законик и за методологијата за статистичката операција? Лидерите Мицкоски и Заев договорија дека разговори ќе има, но дали меѓупартиските работни групи еден месец по состанокот работат заднички и до каде се?

Информациите на Сител велат дека средби има. Работните групи работат и на двете теми, но не оди се така подмачкано.

Неофицијално, понапред во работата е групата задолжена за измени во Изборниот зкаоник. Таму меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ речиси веќе се договорени измените согласно ОБСЕ/ОДИХР. Во моментов се одвива дебата за процентуална застапеност на жените со 50-50 на советничките листи.

Она што според упатени во преговорите би можело да биде проблем во оваа работна група е што на дневен ред се многу разновидни прашања: од отворени советнички листи на локалните избори, изборен праг, квоти за жени, па се до промена на бројот и границите на изборните едници и промена на изборниот модел на парламентарни избори. 

Партиите се отпимисти дека би можело да се изнајде решение за отворените листи за локалните избори на есен, но дека и тоа решение целосно не е одредено. Другите измени, велат тие, веројатно нема не одат во овој пакет законски измени.

Во меѓувреме на седница на 18 мај веќе се ставени измените на Изборниот законик што ги бараат малите партии.

Работната група за пописот, пак, се договорила да има разговори, но тие да не се форсираат периодов и нема одредена агенда кога би се состанале. Таму ВМРО-ДПМНЕ бара промена на методологија по која би требало да се одвива статиастичката операција.

Политичкиот аналитичар Божиновски во Дневникот на Сител коментираше дека независно од која страна доаѓа инцијативата, политичкиот дијалог мора да продолжи.