Македонија
11. February 2016 - 17:22

Нема договор за директен железнички превоз на бегалците од Гевгелија до Австрија

Нема договор за заеднички превоз на мигрантите од Македонија до австриската граница тврди амбасадата на Словенија во Македонија. На состанокот на директорите на полициите од Словенија, Австрија, Хрватска, Србија и Македонија во Скопје не бил постигнат договор за овој предлог. Амбасадата на Словенија посочува дека иницјативата на оваа земја била да се превземат единствени мерки за намалување на протокот но и да се обезбедат документи за регистрација и идентификацијакои ќе бидат издадени во првата држава на влез, за што во тек е координација на можностите.

Дека не е постигнат договор за заеднички превоз вчера потврдија и чешкиот министр за надворешни Заоралек и македонскиот МНР Попоски.

Македонско – Грчката граница сепак останува во фокусот на плановите. И австрискиот министер за надворешни Себастијан Курц кој е во посета на земјите од регионот највува можност за менување на рутата, во моментот кога неговата земја ќе одлучи да ги затвори границите, а таква одлука е се поочигледна. Курц покрај земјите кои се дел од балканската рута ги посети и Црна Гора и Албанија и Босна и Херцеговина, со предупредување дека токму тие можат да бидет дел од новиот пат на бегаците и мигранти од блискиот исток ако се остварат плановите за затворање на границите во земјите кои сега се дел од патот до Западна Европа.

Курц утре доаѓа во Скопје, а според најавите неговата поддршка ќе оди во насока на зголемување на бројот на полициски службеници, но и ангажирање војници  токму на границата со Грција. Курц во сите земји од регионот потенцираше дека македонско – грчката граница може да биде искористена како рампа за затворање на рутата, ако Грција продолжи со пропуштањето на бегалците и мигранти кон Македонија.

Курц очекува големи проблеми со мигрантите во 2016 година, а плановитре за нивно решавање очеглидно се уште никому не се јасни.