Македонија
10. January 2020 - 16:47

Нема договор на техничкото лидерство во МВР за началник на СВР Скопје

СВР Скопје останува без началник. Чулев и Петровска ги услогласија ставовите за сите останати смени во МВР. За заменик-министерката Славјанка Петровска не бил прифатлив предлогот секторот за внатрешни работи Скопје да го предводи Ристо Ставревски, бидејќи тврди дека постојат аудио снимки во кои Ставревски врши притисоци врз гласачи.

Преку писмено соопштение од владејачката партија потенцираат дека со овој предлог Чулев уште еднаш потврди дека ВМРО-ДПМНЕ се уште не е излезено од режимската матрица и дека човек кој бил десна така на Јанкуловска не може да раководи со еден од најважните сектори во министерството како СВР Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека се работи за професионалец, а тврдењата на Петровска не се индиции за сторени криминали.

Со потпис од неговата заменичка, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители и 12 заменици раководители. Нови началници добија секторите за внатрешни работи во Штип, Велес, Битола, Прилеп, Струмица, одделите за внатрешна контрола, специјални полициски операции и сузбивање организиран и сериозен криминал, како и единицата за интервентна полиција во СВР Скопје.