Џет-Сет
6. May 2017 - 10:32

Нема да верувате - Кој и подари на Лепа Брена кошница со чоколадни рози?

 
Пречекана како и секогаш со оваации, кралицата на најголемите хитови кои ќе останат вечно во срцата на многу генерации направи уште еден концерт за паметење.
 
Лепа Брена го разбуди Скопје. Улиците беа блокирани, се бараше место повеќе за спектакуларно двочасовно уживање со најголемите хитови на Брена.
 
 
Покрај целиот настан и возбуда многумина се запрашаа кој и подари кошница со чоколадни рози на Брена и колачи со уникатен дизајн со кои Брена се фотографираше.
 
Подарокот е од организаторите на настанатот, а дизајнот на слатките рози специјално за Брена го креираше тимот од салонот за луксузни слатки Magic Cake предводен од слаткарсиот гуру Катерина Алексовска која е неколкукратен првак во слаткарската уметност на интернационално ниво.