Македонија
17. July 2017 - 15:04

Нема да верувате - еве што се падна во рацете на македонската Царина

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златен накит, девизи, цигари, скутер, делови за машина и фалсификати.

Задржана е следната стока:

 Девизи

- 10.700 американски долари, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при детална контрола на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Во црна торбичка, сопственост на патникот, биле пронајдени непријавени вкупно 5.300 евра,14.100 американски долари и 2.600 австралиски долари. Согласно законските прописи на патникот му биле вратени 5.300 евра, 3.400 американски доларии 2.600 австралиски долари, износ што резидент може слободно да го внесе во државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.

 Цигари

- 84 штеки цигари од марките MARLBORO RED и MARLBORO TOUCH, со македонски акцизни маркички, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон. Непријавените цигари се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

 Златен накит

- 0,145 kg стар женски златен накит (прстени, ланчиња, обетки и нараквици),откриен од страна на мобилните царински тимови,при личен претрес на српски државјанин, кој како пешак се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот златен накит, пронајден во виолетов несесер сместен во црна торба, која на себе околу половината ја носел српскиот државјанин, е привремено задржан, а против ова лице е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка.

 Скутер

- 1 користен скутер марка HONDA, откриен при контрола на влекач со бугарски регистарски ознаки и приколка со италијански регистарски ознаки, управувани од македонски државјанин, а пријавени како празни за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавениот скутер, пронајден во палетарот на товарното моторно возило, е привремено задржан, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 Делови за машина

- 1 сет конусен запчаник со лежечи лагер за машина за дупчење на земја и 2 репарирани глави за машина за дупчење земја, откриени при контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените делови, пронајдени во багажниот простор на возилото, се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

 Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

- 440 парчиња футроли за клучеви, 900 парчиња капачиња за фелни за тркала, 800 парчиња лажни спојки за појас, 40 парчиња сирeни и 3040 парчиња лепенки за фелни со ознаки на заштитени трговски марки,откриени при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица, кое пренесувало стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово.

- 150 сета авто-навлаки со ознаки на заштитени трговски марки,откриени при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица, кое пренесувало стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово.

 

- 58 парчиња маици и 50 сета (маици и шорцеви) со ознаки на заштитени трговски марки,откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобуссо македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Нови Пазар - Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Маиците и шорцевите биле пронајдени во најлонско ќесе сместено во тоалетот на автобусот, а биле сопственост на српски државјанин, патник во автобусот.