-->
-->
Нема да се одржи средба меѓу Путин и Ердоган
-->
Средбата меѓу претседателите на Русија и Турција е откажана, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавува ДПА.
Рускиот претседател Владимир Путин се очекуваше да го прими својот турски колега Реџеп Таип Ердоган на билатерална средба во вторник.
- Нема да се случи, не е планирана, соопшти Песков пред руските новинари.
На 24 ноември турските воени сили соборија руски авион во регионот на границата со Сирија. Турција тврди дека авионот го нарушил турскиот воздушен простор, додека Русија тврди дека авионот не летал на турската територија.
Поради тоа односите меѓу двете страни се нарушени, пренесува ДПА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота