Џет-Сет
10. јуни 2018 - 19:08

Нема да ми биде лесно кога ќе го видам Мустафа со друга: Емина Јаховиќ си ја отвори душата

Емина Јаховиќ и официјално се разведе од Мустафа Сандал. Сега таа открива дека нема да и биде лесно кога нејзиниот поранешен сопруг ќе најде нова девојка, па пејачката се плаши од еветуалната средба со новата девојка.
 
-Секако дека нема да ми биде сеедно кога Мустафа ќе најде некоја друга, како што ни нему нема да му биде лесно да ме види со друг. Но тоа е нормална работа и знаевме дека тоа ќе се случи кога се разведуваваме-рекла Емина.
 
Таа додала дека на нивните синови Јаман и Јавуз тешко им паднала разделбата на родителите, но дека веќе ја прифатиле новонастанатата ситуација.
 
-Жената мора да биде силна поради децата и поради себе си. Немам алтернатива да бидам слаба.Оптимист сум и очекувам нов живот после се-заклучила Емина.
 
Како што пишуваа турските медиуми, Емина после разводот ја доби куќата вредна 16 милиони  евра, а Мустафа и го отстапил и студиото вредно 4 милиони евра.