Македонија
8. December 2015 - 16:53

Нема да избегаат од избори, избори мора и ќе има

Во Државната Изборна Комисија треба да се работи по закон и факти а не по потребата на политичарите, подвлече премиерот Груевски во синоќешното обраќање по повод денешниот празник.

– Ние како партија имаме јасен став дека експертите кои треба да бидат предложени мора да бидат луѓе со кредибилитет и луѓе кои ги исполнуваат највисоките професионални стандарди, луѓе кои што важат за политички неутрални.

Според премирот една од причините зошто се одолговлекува процесот на преговори за ДИК е тоа што една од партиите сака да ги избегне изборите.

- Зад искривувањето на ваквите начела и принципи стои желбата да се наштети на процесот, да се избега од избори. И ние тоа нема и не смееме да го дозволиме. Мора да воведеме повисоки критериуми, мора да не се наштети на волјата на граѓаните. Решението треба да се бара во рамките на овие принципи кои ги истакнав, додаде премиерот.

Премиерот додаде дека позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во овие преговори е заштита на државните и националните интереси а не заштита на партиските позиции.