Свет
5. July 2016 - 12:05

Нема да биде покренато обвинение против Хилари Клинтон, според истакнати демократи

Истакнати претставници на Демократската партија во САД оценуват дека против Хилари Клинтон нема да биде покренато обвинение поради аферата со мејловите.

- Тоа нема да се случи. Тоа не е во рамки на реалното, рече сенаторот од Њу Џерси Кори Букер за Си-Ен-Ен. 

Клинтон во саботата, во седиштето на ФБИ, повеќе од три часа одговараше на прашања за испраќањето мејлови од приватната адреса.

Министерството за правда, како што се очекува, наскоро би требало да донесе одлука за тоа дали да покрене обвинение против поранешната државна секретарка или да ја ослободи од секакво сомнение дека извршила кривично дело.

Клинтон го користела приватниот сервер за деловна комуникација додека била на позицијата државен секретар.