Македонија
4. December 2019 - 19:12

Нема автентично толкување за членот 11 од Законот за помилување

Не е потребно автентично толкување на членот 11 од законот за помилување како што побара владејачката СДСМ одлучи законодавно правната комсија. За ваквата одлука гласаше и власта и опозицијата. Членот се однесува на правото на шефот на државата да дава помилувања надвор од редовната процедура, а најмногу ги засегаше помилувањата дадени од претходниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2016 година за обвинети и осомничени во предмети на СЈО.

Одлуката на комисијата е спротивно на препораката на Владата дадена претходно дека е потребно автентично толкување со кое ќе се утврди дека членот 11 не постои од 2009 година без разлика што Уставниот суд во 2016 година ги укинал овие измени.

Од коалицијата на СДСМ се на исто милење дека членот не постоел о дека поради тоа не е потребно автентично толкување.

Од опозциската ВМРО-ДПМЕ го гласаа заклучокот, но бараат Уставниот суд за ова да побара дополително мислење и од Венецијанската комисија. Велат дека сега мнозинството не го толкува членот со зел да го заштити Зоран Заев и од минатата аболиција, но и од идни аболиции кои би му биле потребни.

Инцијативата за автентично толкување уследи по најавата дека уставниот суд ќе одлучува по членот 11 а кој пак, се однесува на првото на претседателот на државата да ги повлече дадените помилувања, што всушност би значело ефектуирање на помилувањата од 2016 година.

Мислењето од закнодавно-правната комисија треба да се потврди и на плненарна седница на 11 декември.