Македонија
2. December 2019 - 17:22

Нема автентично толкување на членот 11 пред 11 декември, Уставниот суд в среда ќе одлучува за амнестија во случаите на СЈО

Автентичното толкување за член 11 од законот за помилување што го бара СДСМ нема да се најде на седница пред 11 декември, брифира за Сител собранискиот спикер Талат Џафери. Тој прво, ќе чека да помине комисиската расправа за буџетот за 2020 година.

Наспроти ова, министерката за правда Дескоска најавуваше дека  одлуката на парламентот ја очекува брзо, дури и пред одлуката на Уставниот суд за повлекувањето на помилувањето в среда, со цел да се спречи активирање на помилувањата на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов за обвинетите во предметите на СЈО.

Џафери, како што брифира, дури денеска го примил барањето од СДСМ по што ќе го препрати до законодавна правната комисија и до владата, како што наложува Деловникот. 

Од опозицијата сметаат дека и постапката пред Уставниот суд и автентичното толкување во парламентот е нарачка на Зоран Заев.

Пратеничката Соња Мираковска која претседава со ова тело најавува седница откако и формално ќе го добие барањето. Нејзиното лично мислење, но и на коалицијата на СДСМ, е дека членот 11 кој му дава право на шефот на државата да дава помилувања без мислење од посебната Комисија, не постои бидејќи бил избришан од пратениците во 2009 година.

Одлуката на Уставниот суд од 2016 година во која се укинуваат промените во 2009 г. не можела да се однесува и на бришењето на членот, толкува Мираковска и тоа требало да се докаже со новото автентично толкување.

Иако принципиелно биле против помилувања и аболиции и од албанската опозиција сметаат дека се работи за политика игра пред избори.

Пратеничката група на СДСМ во петокот побара автентично толкување на членот 11 од законот за помилување. Во барањето стои дека одредбата е нејасна за тоа во кои услови шефот на државата може да даде помилувања.