Кошарка
26. April 2016 - 16:43

Нема АБА лига?!

Јадранската кошаркарска лига по 15 години постоење е пред згаснување во досегашниот формат. 

Челниците на балканските сојузи веќе преговараат за нов вид на натпреварување кој би се одвивал по завршувањето на националните шампионати. 
Тоа го потврди претседателот на КС на Словенија Матеј Ерјавец откако оваа федерација ги повлече своите клубови од регионалната лига. Претходно тоа го направи и КС на БиХ а се очекува истиот потег да следува и од сојузите на Хрватска и Србија. 
Се разбира се ќе биде појасно откако ќе се искрастилизираат односите помеѓу ФИБА и Евролигата кои силно влијаат врз малите федерации и регионалните лиги.