Нелоски: Укинати дисперзираните студии без јавна дебата
ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека со укинувањето на дисперзираните студии се укинува благородна мерка од која бенефит имале околу 20 илјади граѓани и која придонесува за економско-социјалениот и демографскиот развој на сите региони во државата.
На прес-конференција во седиштето на партијата Владимир Нелоски истакна дека оваа мерка е воведена од страна на ВМРО-ДПМНЕ и оти со неа студентите заштедиле пари за патување и сместување.
- СДС ги укинува дисперзираните студии на дел од високо образовните установи, без притоа да направи анализа на досегашните резултати, без да го почитува високиот интерес за овој тип на студии и конечно без да спроведе, како што често милуваат да кажат – јавна дебата за носење на оваа одлука. Единствената причина поради која е направен ваквиот чекор е тоа што дисперзираните студии се идеја, односно мерка воведена од страна на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ со цел обезбедување на што поголема достапност на високото образование за сите граѓани, рече Нелоски.
Тој посочи дека достапноста на образованието за граѓаните била овозможена преку намалувањето на партиципациите, отворањето на трите нови државни универзитети и 32-факултети и преку отворањето на дисперзираните студии.
- Во обид да го избалансираат револтот кој очекувано ќе биде инициран од ваквата одлука, СДС бесрамно најавува дека од годинава за прв пат, за одредени студиски програми се предвидува намалување на партиципацијата за 50 проценти за студентите од самохрани и еднородителски семејства, рече Нелоски.
Ново на Сител
-
Претрес во Судскиот совет
-
Одбележани 80 години од постоењето на Земјоделски институт
-
Претрес во Судски совет
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
-
Артан Груби се повлече од јавниот живот и ДУИ откако беше ставен на црната листа на САД
-
Сопругата на градоначалникот на Радовиш избрана на член на Судскиот совет, СДСМ обвинува за скандал
-
Укината пресудата за Беса Транс