Loading Video...
Ракомет
11. February 2020 - 16:18

Нексе го чека „пекол“ во Битола на реваншот со Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер подготвени и мотивирани го очекуваат утрешниот меч против Нексе за кој веќе нема карти. 
 
Битолчани утревечер во веќе распродадената сала „Боро Чурлевски“  ќе го играат реванш осминафиналниот меч со хрватскиот Нексе против кој ќе треба да надополнат негатива од три гола (20-23) по првиот меч одигран во Нашице. 
 
„Нексе во Битола ќе сретне досега невидена атмосфера, а со малку среќа мислам дека може да ги елиминираме“, истакна Ловро Јотиќ.
 
Добра вест за симпатизерите на овој клуб е што тренерот Бабиќ ќе ги има на располагање сите ракометари. 
 
„Утревечер ќе бидеме комплетни затоа што се враќаат Јотиќ и Маџовски. Од друга страна, кај Нексе се враќа Јагањац и тие ќе бидат посилни за разлика од првиот меч. Можам да кажам дека ќе играме агресивна одбрана и ќе трчаме максимално во сите 60 минути“, вели тренерот Жељко Бабиќ.
 
Почетокот на утрешниот меч закажан за 20 часот и 15 минути, а доколку битолчани успеат да го минат Нексе, тогаш во четвртфиналето ги очекува македонскиот ривал и актуелен СЕХА шампион Вардар.