Свет
16. May 2021 - 19:26

Неколкумина ранети во напад од автомобил во источен Ерусалим

Четворица израелски полицајци и уште неколку други лица се ранеи во напад од автомобил во источниот дел од Ерусалим. Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен.

– Напаѓачот е убиен од страна на полицијата, изјави Мики Розенфелд, портпарол на полицијата без да даде засега други детали.

Нападот е ивршен во Шеик Џарах дел од источен Ерусалим населен претежно со Палестинци.