Македонија
16. јуни 2017 - 9:10

Неколкучасовен прекин на сообраќајот на патот Маврово - Дебар кај Мелнички мост

Сообраќајот на патот Маврово - Дебар, на потегот од Мелнички мост до село Долно Косоврасти, денеска од 13 до 17 часот ќе биде во прекин.

Причина за прекинот, како што информира Автомото сојузот на Македонија, е изведување градежни активности на тој дел од патот.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по суви коловози, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.