Македонија
23. јуни 2016 - 11:46

Неколку скопски села и населби утре без струја

Корисниците од село Марино, лоциран на улиците број „508“, „510“, „536“ и „527“ утре од 11:30 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „531“ во истото село.

Во периодот од 9 до 13 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од улицата „4 Јули“ од број 51 до број 81 во општина Ѓорче Петров, како и корисниците од улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Ордан Чопела“, делови од улицата „Цветан Димов“ и објектите на Комуналец и Водовод во општина Чаир.

Од 8 до 10 часот без струја ќе биде и делот од село Студеничани во близина на маркет Принц, од 9 до 11 часот  дел од корисниците од улицата „4“ во село Бардовци, од 9 до 14 часот корисниците од улицата „Коста Шахов“ во општина Центар, од 6 до 7:30 часот корисниците од селата Орашје, Грачани, Раовиќ, Грчец, Шишево, Дворце, Крушопек, Паничари, Веле Поле, Буковиќ, Глумово, Љубин, Горна и Долна Матка, Рашче, Семениште, Радуша, Ласкарци, Кучково, Кондово, Бојане и Арнакија, а од 9 до 15 часот корисниците од улиците „Дринска“, „Вашинтонгска“, „Нов живот“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари.

Како што информира Региналниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во електро-мрежата од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.