Македонија
30. October 2018 - 9:10

Неколку скопски општини и села утре без струја

 Корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – подулица број „11“ во општина Кисела Вода, од 9:00 до 14:00 часот дел од корисниците од улицата „Мраморец“ во општина Карпош, а од 9:30 до 11:30 часот корисниците од улицата „Донбас“, како и дел од улиците „Ѓорѓи Пулевски“,  „Алберт Ајнштајн“ и „Андон Дуков“ како и делот од улицата „Орце Николов“ кај ресторанот „ДМ“, во општина Центар.

Во периодот од 8:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улиците „Капиштец“, „Питу Гули“ и „Димитар Пандилов“ во општина Центар, од 10:00 до 13:00 часот корисниците од улицата „Скупи“ – подулици број „1 а“ , „3 а“, „5 а“, „7 а“ и фирмите кај Рибокомерц, како и булеварот „Јадранска Магистрала“ кај касарната Илинден во општина Карпош, од 9:30 до 14:30 часот корисниците на дел од улицата „Блаже Биринчето“ во општина Карпош, од 8:30 до 11:30 часот корисниците на дел од улицата „Франц Месеснел“ во општина Ѓорче Петров,  од 9:15 до 12:30 часот корисниците на дел од улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената општина, од 12:30 до 14:30 часот корисниците од  село Ласкарци подулица број „3“, а од 9:30 до 13:30 часот корисниците од  улица „1“ во село Црешево.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувњето со електрична енергија е изведувањето планирани  технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.