Живот
4. February 2018 - 18:10

Неколку работи кои не смеете да ги кажете додека се расправате со партнерот

Ова се само неколку работи кои не треба да ги правите, или кажете во текот на расправија со партнерот. Ако направите некоја од долу наведените грешки ќе ја направите ситуацијата само полоша од тоа што всушност е.

Да го вмешате семејството во кавгата

Немојте веднаш да ги споменувате родителите, немојте да пцуете и викате, пробајте да го решите тоа цивилизиранпо.

Насилство

Никако немојте од караница да преминете на насилство. тоа никој не смее да си го дозволи.

Не спомнувајте се и сешто

Ако веќе се расправате за нешто, сржете се до таа причина, немојте да споменувате и да се присетувате на се и сешто, или на мааните или работите кои вашиот партнер некогаш ги правел.

Никогаш немојте да се заканувате со развод

Тоа е нешто што е срого зарането. наместо да споменувате развод, седнете и разговарајте. Во кавга се кажуваат работи кои подоцна е тешко да се поправат, затоа внимавајте.

Никогаш немојте да се расправате пред спиење или во јавност, на тој начин се одалечувате еден од друг, но и се понижувате во  јавност.