Македонија
17. јуни 2018 - 22:00

Неколку лица повредени пред Собранието

Неколку лица се повредени во демонстрациите вечерва пред Собранието на Македонија, јавуваат дел од медиумите.

По употребата на солзавец и шок бомби од полицијата, интервенираше и Брзата помош. Два кордона специјална полиција го чува Собранието.

Полицијата употреби десетина шок бомби и солзавец за растурање на демонстрантите.