Балкан
13. March 2017 - 8:47

Неколку илјади Романци учествуваа на синоќешниот протест против корупција

Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на традиционалните протести против корупција, јави ДПА.

Околу 2.000 лица се собрале во Букурешт. Помали протести беа организирани во уште шест градови. 

Протестите, што започнаа во јануари, беа предизвикани од владиниот указ за декриминализација на одредени корупциски дела, но по одредено време указот беше повлечен од страна на романската Влада. 

Сепак протестите продолжија, бидејќи како што наведоа демонстрантите, постои опасност од планивите на владејачката партија за наоѓање на „излез“ во законот за корумпирани политичари.