Македонија
11. January 2019 - 16:36

Неколку града се соочуваат со опасност да останат без вода за пиење поради намалената издржаност на изворот Студенчица

Поради огромното намалување на издашноста на изворот Студенчица со проблеми околу водоснабдувањето се соочуваат Кичево, М. Брод, Крушево, Прилеп и уште неколку помали општини. Моменталната издашност на изворот била само околу 640 литри во секунда, а додека во летото таа се движела помеѓу 2 и 3.000 литри.

Директорот Урим Ахмеди телефонски ни изјави дека намалувањето на водата во изворот започнала од септември и траелео до денес. Се очекувало подобрување на состојбата, но дури откако ќе се стопел снегот кој наврна изминатиов период. Можни биле и идни намалувања на издашноста.

До Прилеп во моментов стигнувале само од 160 до 180 литри вода во секунда.

„Во овој момент граѓаните и правните лица во Прилеп трошат над 370 литри вода во секунда. Уклучени се сите бунари, постојано сме на терен. Вршиме пренасочување на водата во секој момент со цел секое домаќинство во Прилеп да има количества на вода“, вели Емил Јанески, в.д. директор на ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

Од Водововод Прилеп апелираат граѓаните да не ги пуштаат чешмите да течат во зимскиот период затоа што тоа создава дополнителни проблеми во и онака тешката ситуација.

„Добиваме околу 30 литри во секунда од изворите и околу 70 литри во секунда, а очекуваме 100 во текот на викендот од бунарите. Тоа е сепак премалку бидејќи ако соберите се заедно се добивата околу 300 литри во селунда, што и не е малку, но овој период се троши повеќе вода отколку во лето“, додаде Јанески.

Граѓаните пак признаваат дека ги пуштаат чешмите да течат за да не им замрзнат.

„Да ги пуштаме малку чешмите да течат за да не ни замрзнат“, признаваат дел од граѓаните.

Моментално делови од Прилеп се соочуваат со недостодиг на притисок на водата или со немање од неколку часови во текот на денот, а тоа отпаѓа и на големите дефекти во водоводната мрежа поради ладното време.