Неколку десетици убиени и ранети во талибанскиот напад врз аеродромот во Кандахар
Најмалку 37 цивили и авганистански војници се убиени, а 35 се ранети во синоќешниот напад на талибанските борци врз аеродромот во Кандахар, информира авганистанското Министерство за одбрана, цитирано од британските медиуми.
Во нападот, исто така, загинаа и деветмина талибанци, додека еден е ранет. Последниот преживеан талибанец и натаму им дава отпор на авганистанските сили за безбедност, се додава во соопштението на министерството.
Локалните власти изјавија дека талибанците синоќа нападнале периферен дел од огромниот и силно обезбеден аеродромски комплекс, откако првично зазеле позиции во училиште во станбениот дел на објектот, што вклучува како цивилен аеродром, така и воена база.
Нападот се совпадна со почетокот на регионалната безбедносна конференција во Исламабад, на која авганистанскиот претседател Ашраф Гани упати повик за поголема регионална помош во битката со исламските бунтовници, посочувата британските медиуми.
Ново на Сител
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје