Свет
18. December 2016 - 17:35

Неколку автобуси за евакуирање на двете сириски села биле нападнати и запалени

Неколку автобуси, кои тргнале кон сириските шиитски села Ал-Фуа и Кефраја, со цел да евакуираат болни и повредени жители од двете населени места, денеска биле нападнати и запалени, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Некои автобуси, како и автомобили на Црвената полумесечина, стигнале до двете села во провинцијата Идлиб, кои се под опсада на сириските бунтовници.

Сириските владини сили настојуваат на жителите од двете села, кои се главно шиити, да им биде дозволено да ги напуштат во замена за евакуирањето на бунтовници и цивили од источниот дел на Алепо.

Медиумите објавуваат дека „вооружени терористи“ нападнале пет автобуси, кои ги запалиле и уништиле.

Бунтовничките групи во реонот засега не ги коментирале ваквите тврдења.