Живот
3. December 2018 - 21:28

Некој крадел уметнички дела, а камера фати чудна глетка: Дух со фантомка се шета низ ходниците

Во дом за стари лица во италијанскиот град Павија неколу пати се случиле грабежи, а полицијата била потполно збунета.

Имено, по прегледувањето на снимките од безбедносните камери, виделе како слики од 18. век ги краде една или повеќе лица, нагрнати со чаршав, како да се маскирани во дух.

Грабежите се извршени во периодот од кјули до октомври, а полицијата се уште никого не уапсила иако има двајца осомничени за ова злосторство.

Не е јасно зошто  разбојникот или разбојниците имаат на себе чаршаф, кога веќе носат маски на лицата. Некои мислат дека тоа е за да ги исплашат станарите од домот, за да изгледа како да виделе дух, а не крадец.