Живот
22. November 2018 - 20:09

Некој го удрил неговиот автомобил и побегнал, но цртежот на малото девојче објаснил сè

Еден студент останал со оштетен автомобил, откако некој го удрил и побегнал, но тој брзо го открил виновникот благодарение на пораката која му ја оставила ученичка од шесто одделение.
 
Ендрју Сиповиц од Бафало открил штета на својот автомобил, но и анонимна порака од сведок кој бил спремен да му помогне.  
 
"Доколку се прашуваш што ти се случило со твојот автомобил: автобусот 449 го удри", пишувало во пораката помеѓу останатото, а на крајот од текстот девојчето дури и го нацртало автобусот.
 
Нејзиниот цртеж заедно со оштетениот автомобил, Ендрју го споделил на Твитер, а неговата објава набрзо станала вирална. Чинот на девојчето ги воодушевил не само Сиповиц, туку и бројните корисници на социјалните мрежи.
 
 
Откако станал вистински хит, Ендрју напишал дека го пронашол девојчето и дека бара начин како да го награди за неговотоо дело на кое ѝ е неизмерно благодарен.