Свет
16. November 2016 - 21:27

Некои земји го ограничија увозот на пилешко месо од Германија поради птичјиот грип

Неколку земји го ограничија увозот на пилешко месо од Германија, откако беше откриен опасен вирус на птичји грип. 

- Јапонија, Јужна Кореја, Хонгконг, Босна и Херцеговина и Јужна Африка наложија рестрикции за увозот на германски птици и птичји производи, се наведува во соопштението на Владата на германската провинција Мекленбург-Западна Померанија.

Осум европски држави и Израел открија во последната недела жаришта на  силно заразени со вирусот Х5Н8 на птичји грип и некои од нив наредија живината на фармите да се држат затворени, со цел да се избегне ширењето на вирусот. 

Засега претежно се заразени диви птици, но Германија, Унгарија и Австрија инфирмираа и за случаи во фарми со домашни птици, каде е наложени сите птици да бидат умртвени.