Свет
27. October 2016 - 11:17

Некои луѓе се 100 проценти сигурни дека Хилари Клинтон ќе победи

Њујорк магазин - Њујорк

Нешто дефинитивно недостасуваше во досегашното мејнстрим медиумско покривање на изборите: веројатноста. Тоа сега е сменето кога ветеранот во изборното известување Стју Ротенберг (кој сега работи за Вашингтон пост) најави дека веќе нема да ја користи можноста дека постои сомнеж во врска со исходот од претседателската трка.

Би било грешка да се нарече досегашниот пат на Трамп тесна изборната победа. Таква не постои. Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, кои до пред извесно време беа дел од сценариото на Трамп, никогаш и не биле „во игра“, и тој не е конкурентен во државите во кои во 2012 година Обама победи тесно, како што се Вирџинија и Колорадо. Поголема е веројатноста Трамп да ја загуби Северна Каролина отколку да ја освои, што ќе го доведе до под 200 изборни гласови.

Искрено, веќе со месеци нашироко се пишува за оваа трка. Едноставно треба да ги погледате кандидатите, нивните тимови на кампањите, мапата и гласачите.

Сега, мноштво други анализи се занимаваат со кандидатите, нивните тимови на кампањите, мапата и притоа и со гласачите, но избираат да го следат изборниот исход како предмет на шансите, а не како предлог за да/не или победа/пораз. Оттука, (како што покажува симпатичната табела на Њујорк тајмс) Изборниот конзорциум на Принстон ја рангира Клинтон со 97 проценти за „најверојатна победа“; Изборниот Дејли кос и дава 95 проценти; Хафингтон пост 93 проценти; Апшот 91 проценти; и ФајвТртиЕјт со 88 проценти (тоа е воедно единствената „прогноза“ на ФајвТртиЕјт; онаа која ги зема предвид основите и изборната историја предвид и дава на Хилари Родам Клинтон шанса од 85 проценти за победа).

Потоа, постојат и пофесионалци кои работат со обложувачи кои сакаат да стават пари на исходот од изборите. ПредиктВајз, која е агрегат на пазарите за обложување, и дава на Клинтон 90 проценти шанса за победа.

На Ротенберг и неговите истомисленици им се придружува и ирскиот букер Педи Пауер, која најави предвренеи исплати на обложувања за Клинтон. Е тоа е силна извесност. Ќе видиме дали ќе ја преживее напорната трка во оваа налудничава кампања.