Џет-Сет
4. February 2019 - 23:08

Некогаш жареше и палеше: Џепната Венера со шешир и наочари изгледа непрепознатливо, како да ја прегазило времето

 

Кајли Миног прошета низ улиците на Лондон, но некогаш најзгодната пејачка сега изгледа непрепознатливо. Таа главата ја покри со шешир, а очите малку и се надѕираа под очилата.

Некогаш ја викаа Џепна Венера, најубава и најсексипилна, и беше тешко со зборови да се опише нејзината убавина, но изгледа дека нејзиното време поминало, наведуваат американските медиуми.

Папараците ја фатија во прошетка низ Лондон, и како пие шолја кафе, без трошка шминка на лицето и медиумите вече ја прогласија за екс секс симбол. Сепак, ги има и оние кои велат дека и со шешир на глави и речиси непрепознатлива и натаму зрачи со харизма и сексипил.