"Некогаш ќе изедам леб и чај, ако најдам“ - снимката од детето кое умираше од глад го шокираше светот
Снимката од детето Салим од Јемен, на кого минатата година му предвидувале дека ќе умре од неухранетост, го шокирала светот.
Салим бил симбол на патењето на граѓаните на Јемен кои умираат од глад поради војната. Тогаш имал седум години. Бил неухранет, исто како и 350.000 јеменски деца.
Благодарение на итната служба и медицинскиот персонал кој волонтира во тоа подрачје, Салим денес има нормална тежина. За жал, претрпел оштетувања на мозокот и поради тоа му е сопрен растот.
Неговото семејство и натаму нема доволно храна.
"Некогаш ќе изедам леб и чај, ако најдам. Некогаш, заоѓа Сонцето, а јас сум испила само чај", вели неговата мајка.
Родителите во Јемен не можат да направат ништо за своите деца, можат само да се надеваат дека ќе преживеат.
"Сакам да се образува ако преживее, но не мислам дека ќе преживее", рекла мајката на едно девојче.
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та