Loading Video...
Кошарка
10. March 2019 - 16:56

Некогаш дерби, а сега Лејкерси се „топовска храна„ за Селтикс

До неодамна го носеше епитетот на големо НБА дерби, но сега дуелот меѓу Бостон и ЛА Лејкерс е далеку од тоа. Причината е лошата игра на „Езерџиите“ кои иако годинава беа засилени со Леброн Џејмс сепак се далеку од место кое води во плејофот. 

Синоќа Лејкерс беа поразени од Селтикс со 107-120, иако Џејмс запиша трипл-дабл со 30 поени, 12 асистенции и 10 скокови. Кај победниокот Кајри Ирвинг беше најефикасен со 30 поени. 

Тимот на Милвоки ја оствари јубилејната 50-та победа сезонава и тоа совладувајќи го Шарлот убедливо со 131-114. 

 Портланд беше убедлив против Феникс кого го порази со 127-120, додека далеку по неизвесни беа дуелите Минесота - Вашингтон 135-130 и Атланта - Бруклин 112-114.