Џет-Сет
25. March 2018 - 12:04

Нејзиното име сите добро го запаметија: Почина победничката на Евровизија

Лис Асија, победничка на првата Евровизија во 1956 година, почина во 94. година, објавија организаторите на Евровизија.

Родена е на северот од Швајцарија, кариерата ја започна како танчерка, а подоцна се посвети на пеењето.

Почина во болницата во Цирих, а ќе биде запаметена дека во 1956 година ја претставуваше Швајцарија со песната „Refrain".

Својата земја ја претставуваше повторно на Евровизија во 2012 година со песната "C’etait Ma Vie" кога го освои осмото место.

Последните години ги посетуваше градивите домаќини на Евровизија.