Живот
30. January 2019 - 9:44

Нејзиниот плач никој не го слушна: Жена останала 3 дена заробена во лифт на зграда на милјардер, еве како се спасила

Една жена од Њујорк останала цел викенд заробена во лифт на зграда на милјардер кај кого работи, а пожарникарите успеале да ја спасат дури во понеделникот.

Маритес Фортализа (530 влегла во петокот вечерта во лифт на зграда во Менхетен, сопственост на инвестицискиот банкар Ворен Стивенс.

Семејството Стивенс не било дома во текот на викендот и откриле дека Маритес била заробена во лифтот дури кога се вратиле во понеделникот, објави Њујорк Тајмс.

Ги алармирале пожарникарите кои на сила ја отвориле вратата од лифтот.

Фортализа, која помага во куќата на семејството Стивенс веќе 19 години, префрлена е во болнциа. Таа дехидрирала, но нејзината состојба е стабилна, пренесува Би Би Си.

Како што е објавено, Фортализа била заглавена меѓу вториот и третиот кат.