-->
-->
Нејмар во ПСЖ
-->
Бразилецот Нејмар стана најскапиот фудбалер на светот откако францускиот тим ПСЖ ја плати неговата откупна клузула од Барселона во висина од 222 милиони евра. Нејмар ќе биде играч на ПСЖ до 30.јуни 2022 година. Со овој трансфер Нејмар го испрати во историјата ланскиот премин на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед за тогаш рекордни 110 милиони евра.
Нејмар во Барселона дојде во 2013 година од Сантош за 55 милиони евра, кои со дополнителните бонуси изнесуваше и повеќе.
Нејмар како играч на барселона постигна 105 голови на 186 натпревари за четири години. Двапати беше првак на Шпанија, освои три Купа на Шпанија и по еднаш Супер куп на Европа, Лига на шампиони и Светско клупско првенство.
- Среќен сум што ќе бидам дел од ПСЖ. Ќе се обидам да помогнам клубот да освои што е можно повеќе титули и секако да ги израдувам навивачите.
Трансферот беше и официјално потврден кога Барселона објави соопштение дека е платена клаузулата за негово заминување од каталонскиот клуб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште