Фудбал
19. August 2020 - 10:59

Нејмар може да го пропушти финалето во ЛШ поради размена на дресови

Најголемата фудбалска ѕвезда на ПСЖ, Нејмар може да биде суспендиран и да го пропишти финалето во Лигата на шампионите, пренесува „The Sun“.

Според изворот, Бразилецот по мечот си ги размениле дресовите со дефанзивецот на германскиот тим Марсел Халстенберг. Размената на дресови е забранета од УЕФА со протокол поради пандемијата на коронавирус. Неисполнување на обврските може да резултира во дисциплинска постапка во согласност со прописите.

Претходно беше соопштено дека размената на дресови за фудбалерите ќе значи и 12 дена самоизолација.

Финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи на 23 август.