Спорт плус
6. July 2017 - 9:27

Неизвесна завршница на Светска лига

Во Бразил се одржува завршницата на Светската одбојкарска лига.
 
Во рамките од група 1 селекцијата на Канада убедливо ја победи Русија 3:0 во сетови. Иако првите два сета не најавуваа дека тоа ќе биде убедлива победа на Канаѓаните, кои истите ги добија со 25-23,  29-27, сепак во третиот Русите како да се откажаа па освоија само 17 поени (25-17)
 
Така вечерва дуелот меѓу домаќинот Бразил и Русија ќе решава да конечниот редослед на табелата во оваа конкуренција во која Кариоките во првиот меч беа подобри од Канаѓаните со 3-1, па дури и пораз од 1-3 ќе им обезбеди пласман на Бразилците меѓу четирите најдобри. 
 
Во втората група, Американците ги надиграа Србите на кои им препуштија само еден сет, третиот со 19-25. Останатите три им припаднаа на Американците со 25-22,  25-23 и  25-22. 
 
Имајќи во предвид дека селекцијата на САД во првиот меч загуби од Франција со 3-2, така вечерва дуелот меѓу Србија и Франција, ќе решава кои две селекции од оваа група ќе ги освојат првите две позиции кои носат пласман во полуфиналето, закажано за утре, додека ден подоцна на програмата се дуелите за пласман.