Свет
5. April 2018 - 12:39

Неизвесна судбината на пилотите по пад на воен јужнокорејски авион

Јужнокорејски воен авион се урна во јужниот дел на земјата, соопшти армијата на Јужна Кореја.

Се уште не е позната причината за падот на авионот Ф-15К, а исто така не е познато дали двајцата пилоти безбедно се катапултирале.

Јужнокорејските воздухопловни сили соопштија дека во тек е потрагата по пилотите, кои се враќале по мисија во базата во градот Тегу.

При несреќата нема информации за евентуалните цивилни жртви и причинета материјална штета.