Македонија
30. September 2020 - 16:45

Неизвесна поддршката за власта во собранието

Пратениците од опозицијата нема да ги поддржат петте одлуки за вонредна состојба на шефот на државата. За ВМРО-ДПМНЕ одлуките се класична злоупотреба од страна на власта. 

Дека пратениците денеска нема да гласаат за вонредните состојби, претходно потврди и претседателот на Собранието Талат Џафери.

На Брифингот со новинарите Џафери истакна дека треба да се прецизира  работата на Собранието во вонредна и воена состојба, согласно деловникот.

Инаку, од СДСМ веќе потврдија дека ќе ги поддржат одлуките, бидејќи биле неопходни за справување со последниците од корона вирусот. 

Седницата следува по 3 месеци од прогласувањето на последната вонредна состојба. Првата вонредна состојба Пендаровски ја прогласи на 18 март, последната, беше донесена на 15 јуни.