Македонија
28. November 2019 - 21:13

Неизвесна изградбата на штипската клиничка болница

Неизвесна изградбата на штипската клиничка болница. Градежните работи на објектот се стопирани и по 4-ти пат. Неколку месеци изведувачот, грчки Интеракт, чека одобрение од Владата за промена на проектот во делот на машинското и електронското уредување во внатрешноста на зградата.

-Според изведувачот, проектот е од 2015-та година и надминати се некои технологии кои што изнудуваат промена на проектот. Тука е суштината на моменталниот застој во реализацијата и изградбата на клиничката болница. Се надевам дека во најскоро време проектот ќе ги помине филтрите- изјави Владо Милошев, државен секретар за здравство. В

Новиот застој со сигурност ќе го пробие рокот, односно, првата фаза од изградбата која требаше да биде завршена до средината на 2020-та. Претходно, клиничка не се градеше поради проблеми со подизведувачот „Бетон“, фирма која поради финансиски проблеми отиде во стечај.