Неискористените дози вакцини Израел им ги испраќа на други држави
Израел најави дека на Палестинците и некои други земји, како Хиндурас, земјата која во Ерусалим сака да отвори амбасада, ќе им испрати „ограничено количество на неискористените дози од вакцината против Ковид-19“.
Еврејската држава засега е светски рекордер според бројот на вакцинирани граѓани, бидејќи веќе има ревакцинирано три милиона свои жители со вакцините на „Фајзер“/„БиоНТек“, што претставува речиси третина од населението.
На 19 декември Израел ја почна големата и брза кампања за вакцинација, по обезбедениот договор со „Фајзер“ што овозможи таму да се испорачаат милиони дози од вакцината во замена за биомедицинските податоци за нејзиното влијание врз популацијата.
„Израел доби бројни барања за помош од земјите кои бараат вакцини“, се наведува во соопштението на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека Израел не е во можност да даде „значајна“ помош пред крајот на својата кампања на вакцинација.Но, се додава во соопштението „со ограничено количество неискористени вакцини собрани во последниот месец“, земјата одлучи да му помогне на медицинскиот персонал на палестинските власти и на неколку земји и да им испрати симболично количество вакцини“.
Во последните неколку недели Израел веќе испрати илјадници дози вакцини на окупираниот Западен брег за палестинскиот медицински персонал.
Според Обединетите нации и невладините организации, Израел „како окупаторска сила“ е должен да обезбеди вакцини за 2,8 милиона Палестинци на окупираниот Западен брег и за два милиони жители на Појасот Газа, кои живеат под израелска блокада.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација