Македонија
6. March 2018 - 16:30

Нехируршка метода за отстранување тумори на Клиниката за пулмологија

На пулмологија од април ќе почнат да отстрануваат тумори од белите дробови без хируршка интервенција. Со ова Клиниката ќе стане регионален центар за интервентна бронхоскопија. Со интервенцијата која трае околу 1 минута кај пациентите ќе се третираат само малигни или бенигни тумори кои се наоѓаат внатре во белодробното стебло.

-Туморот се вади без да се сече градниот кош. Интервенција која инзворедно кратко трае, изјави проф.д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија.

Пред да биде изваден делот со туморот истиот се замрзнува. Со истата метода можат да се земаат и материјали за биопсија без хируршки рез, како и безбедно да се интервенира кај деца доколку вдишат копчиња или други цврсти предмети. Новата интервенција на Клиниката за пулмологија ќе ја работат 5 лекари кои поминале соодветна обука, а досега пациентите кои имаа ваков здравствен проблем поради гушењето мораа да бидат оперирани на градниот кош, а некои неуспеваа ниту да стигнат до болница.