Фудбал
16. July 2016 - 16:01

Негредо на позајмица во Мидлзборо

 Алваро Негредо досегашниот член на шпанската Валенсија следната сезона ќе игра како позајмен фудбалер во англискиот Мидлзборо.
 
Како што информираат англиските медиуми, шпанскиот напаѓач ќе пристигне до крајот на оваа недела на лекарски прегледи во Мидлзборо, бидејќи двете екипи веќе имаат постигнато договор. 
 
30-годишниот Негредо кој во текот на својата кариера играше за: Рајо Валекано, Кастиљо, Алмерија, Реал Мадрид, Севиља и Манчестер Сити, во септември 2014 година како позајмен играч стигна на „Местаља“, подоцна стана постојан член на Валенсија. 
 
Најуспешните епизода Негредо имаше токму во Англија во дресот на Манчестер Сити за кој на 48 натпревари постигна 23 гола и ја освои Премиер лигата и Лига Купот.
 
За шпанскиот национален тим тој има одиграно 21 натпревар и постигнти10 гола, а беше дел од екипата која го освои Европското првенство во 2012 година.
 
Негредо ќе стане вториот шпански засилување во редовите на повратникот во Премиер лигата, откако претходно Мидлсборо го ангажира поранешниот голман на Барселона, Виктор Валдес кој имаше неуспешна авантура во Манчестер Јунајтед.