Живот
12. January 2016 - 22:34

Неговата работа никој не ја сака - Тој буквално плива во фекалии!

Брендон Волс од Мелбурн во Австралија, кој поседува компанија „East West Dive and Salvage“, нурка во фекалии по австралијанските системи за пречистување. Тој ги оддржува машините кои го мешаат изметот, поради што некогш треба да оди и многу длабоко.
 
Во Австралија изметот не го раствараат со хемикалии, туку го собираат во големи базени во кои бактериите го разградуваат.
Машините кои го мешаат изметот потребно е да се одржаваат, а тоа е работа на Брендон.
 
Тој нурнува во изметот и се грижи се да функционира како што треба. Со оваа работа Брендон се бави 14 години и во фекалиите во кој пливал се наоѓале секакви работи, од кондоми, тампони, дури и протези за заби.
 
- Ова дефинитивно не е работа за гадливи луѓе. Кога ќе нурнам во оваа мешавина не се гледа апсолутно ништо и повеќе одам отколку што пливам. Од секогаш сум си ја сакал својата работа. Сакам да пливам и да работам механички работи, веле тој.