Македонија
13. November 2016 - 20:27

Неговата грешка ќе го чини многу - Велешанец фатил малолетничка за задник мислејќи дека му е свршеница

Несекојдневна ситуација среде центарот на Велес.

28 годишниот Б.Ј. вчера место својата свршеница во задникот удрил малолетно 15 годишно девојче, кое стоело со нејзиниот татко. По овој настан тој со брзање влегол во дворот од својата куќа.

Настанот бил пријавен во полиција истиот ден. Од страна на полициски службеници од ПС Велес Б.Ј. не бил пронајден дома, но во 20.30 часот се јавил бројот 192 и бил повикан да дојде во полициската станица. Во разговорот истиот го потврдил пријавеното, но изјавил дека мислел дека таму стои неговата свршеница и дека неа ја удрил. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Против Б.Ј. ќе биде поднесен соодветен поднесок.