Македонија
15. July 2020 - 17:59

Неготино со излезеност од 51.54 отсто до 17 часот, Демир Капија 50.41, Кавадарци 47.5 и Росоман 41.69 проценти

Неготино бележи излезеност од 51.54 отсто до 17 часот на денешните вонредни парламентарни избори.

Во Демир Капија излезеноста е 50.41, Кавадарци 47.5 и во Росоман 41.69 проценти.

Според претседателите на изборните комисии во четирите општини, гласањето засега се одвива без проблеми и со преземени мерки за заштита на гласачите.